Едно лице загина, а тројца се ранети во ракетен напад врз израелската земјоделска населба Штула на границата со Либан, соопштија локалните лекари за итна помош.
Во соопштението се наведува дека лекарите на местото на детонацијата утврдиле дека починал маж на 40-годишна возраст, а тројца мажи се ранети, сите тројца исто така на 40-годишна возраст, пишува Тајмс оф Израел.
Израелската армија соопшти дека во Либан бил извршен контранапад по нападот на населбата Штула, објави претходно Ројтерс.
Еден ден откако беа истрелани минофрлачки гранати врз Израел од Либан и ракети од Сирија, рано утринава беа активирани сирени во градот Галилеја поради стравувањата дека либанската, проиранска организација Хезболах може да се вклучи во конфликтот меѓу Израел и Палестинците. милитантната група Хамас.
- Судот во Стразбур ја казни Италија поради претресот на масонската ложа
- Драматичната порака на Јелена Карлеуша пред полноќ: „Имам причина да верувам дека мојата безбедност е загрозена…“ (фото)
- Контраверзни, брутални и 4 пати посилни од Мосад! Сè за озлогласената група зад бруталното убиство на генералот на Путин во Москва (ВИДЕО)
- Путин: Орешник нема шанси да биде соборен, ако сакаат западните експерти нека организираат дуел, ние сме подготвени
- Хороскопски знаци кои ги менуваат партнерите како чорапи
- Груевски со честитка за Свети Никола: Денес иако сум далеку од Македонија, мојата мисла и срце се со вас, со секое македонско огниште
- Знаете ли зошто Дедо Мраз носи црвена облека? Сите ја поврзуваат бојата со познатата реклама, вистинската причина ќе ве изненади (фото)
- Осомничениот за убиството на рускиот генерал Кирилов го призна делото, доби обвинение за тероризам
- Неверојатна случајност: Google Maps го фати убиецот во моментот кога го криел телото во багажникот
Иран испрати порака до Израел дека не сака натамошна ескалација на војната меѓу Хамас и Израел, но дека ќе мора да интервенира доколку продолжи израелската операција во Газа, изјавија дипломатски извори за Аксиос.
Шефот на иранската дипломатија, Хосеин Амир-Абдолахиан, вчера во Бејрут се сретнал со претставникот на ОН за Блискиот Исток Тор Венесланд, изјавија за Аксиос два дипломатски извори.
Венесланд, наводно, го повикал министерот за надворешни работи на Иран да помогне да се спречи прелевањето на конфликтот меѓу Израел и Хамас во поширокиот регион на Блискиот Исток, а иранскиот претставник одговорил дека Иран не сака конфликтот да се претвори во регионална војна и дека сака да помогне во ослободувањето на цивилите кои Хамас ги држеше како заложници во Газа.
Сепак, тој нагласи дека Иран има свои црвени линии.
Абдолахиан додаде дека доколку израелската воена операција продолжи, а особено ако Израел ја изврши најавената копнена офанзива во Газа, тогаш Иран ќе мора да одговори, велат изворите.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.