Децата на многу богаташи можат да се наречат вистински среќници бидејќи родителите им оставаат наследство кое се мери во милиони. Но, постојат и родители кои целосно ги исфрлиле своите деца од тестаментите.
Голема заработка
Една од таквите родители е и Најџела Лосон, авторка на книга за исхрана, ТВ личност и новинарка, која “тежи” речиси 15 милиони долари. Таа има две деца кои, како што изјавила, нема финансиски да ги осигура бидејќи луѓето пропаѓаат кога не мора да заработуваат за живот.
Нејзината постапка ја оправдува и Гордон Ремзи кој важи за еден од најпознатите готвачи во британската кулинарска индустрија. Тој само оваа година заработил 60 милиони долари, благодарение на шоу програмите. Ремзи е татко на четири деца на кои нема намера да им го остави богатството.
Познатиот фронтмен на групата “Police”, Стинг, е татко на шест деца, а тој изјавил дека неговите деца нема да наследат ниту едно пени од неговото огромно богатство.
Вкупната вредност на богатството на поп пејачот Елтон Џон се проценува на речиси 480 милиони долари. Тој има два сина, но пејачот не планира да ги разгалува.
Филантропски ген
Тука е и Марк Закерберг, еден од основачите на социјалната мрежа Фејсбук. По раѓањето на првата ќерка, објавил дека тој и неговата сопруга ќе донираат 99 отсто од наследството во добротворни цели.
И основачот на компанијата Мајкрософт, Бил Гејтс, има намера да подари голем дел од своето богатство во добротворни цели, а неговите три деца се среќни што нема да наследат милијарди.
Акции од компанијата
Вториот најбогат маж на светот и голем филантроп, Ворен Бафет, планира по смртта да го подари целото свое богатство на различни добротворни организации. Неговите три деца нема да го наследат неговото богатство, но Бафет ветил дека ќе им подари акции од компанијата “Berkshire-Hattaway” во вредност од 2,1 милијарди долари.