Аријана Омипи (24), од Нов Зеланд загубила 58 килограми за само 11 месеци. На почетокот на годинава имала 126, а сега има 68 килограми. Ова не ѝ е првпат толку драстично да ослабне.
Пред четири години ослабнала 50 килограми за шест месеци и уште осум во наредните пет месеци, но килограмите ѝ се вратиле, бидејќи не можела да се одвикне да јаде нездрава храна. Била дури десет килограми потешка од пред диетата.
Го опишала своето мени кога била дебела и сега:
Некогаш
Појадок: Ладно кафе со млеко со висока масленост, јајца, домати, авокадо, печурки, сланина и спанаќ
Ручек: 16 до 20 парчиња авокадо, суши со лосос и кока кола без шеќер
Вечера: 400 грама полнети пилешки прсти и пола килограм компир со салата од козјо сирење и коцки препечен леб
Сега
Пред појадок: Краставица и капучино
Појадок: Шејк со две дози протеински прав, половина замрзната банана со спанаќ и половина кива
Ручек: Печени печурки со салата
Вечера: Половина порција грчка салата со 50 грама лосос
Десерт: Чај
„Сега се чувствувам дека имам контрола врз храната. Можам да подготвам нешто без желба или потреба тоа да го изедам. Мојот однос кон храната сега е многу поздрав“, рекла таа.
Во губење на вишокот килограми ѝ помогнала операција на отстранување на дел од желудникот, во март оваа година. Тоа го направила бидејќи постојано била гладна, а сега е сита и од мала порција.