Според Хагари, Синвар со семејството преку тунелот избегал до еден од безбедните сместувачки комплекси што ги изградил однапред. Ова видео, додава Хагари, „е резултат на нашиот лов по Синвар кој нема да престане додека не биде фатен, мртов или жив“
Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија видеоснимка на која наводно се гледа лидерот на Хамас, Јахја Синвар, во тунел под градот Кан Јунис во јужна Газа, пренесува Си-ен-ен.
Објавувајќи го видеото на прес-конференција, портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари, рече дека снимката е од 10 октомври и го прикажува Синвар со сопругата, децата и неговиот брат како шетаат низ темен тунел. Хагари рече дека ИДФ го добила материјалот во последните денови и рече дека снимката е направена на камера за видеонадзор на Хамас.
„Во последните неколку дена, за време на операцијата на специјалните единици, најдовме видео од безбедносната камера на Хамас што беше инсталирана во тунелот. Водачот на Хамас во Појасот Газа, главниот убиец Јахја Синвар, бега со своите деца и една од неговите сопруги низ мрежата тунели заедно со неговиот брат Ибрахим Синвар“,
рече Хагари.
Spotted: Yahya Sinwar running away and hiding in his underground terrorist tunnel network as Gazan civilians suffer above ground under the rule of Hamas terrorism.
There is no tunnel deep enough for him to hide in. pic.twitter.com/KLjisBFq1f
— Israel Defense Forces (@IDF) February 13, 2024
Според Хагари, Синвар со семејството преку тунелот избегал до еден од безбедните сместувачки комплекси што ги изградил однапред. Ова видео, додава Хагари, „е резултат на нашиот лов по Синвар кој нема да престане додека не биде фатен, мртов или жив“.
Си-ен-ен вели дека не може да се потврди дека Синвар е човекот што се гледа на видеото ниту кога е снимено, а ИДФ, според нив, не обезбедиле дополнителни докази за поддршка на нивните тврдења.
Израелската војска го прогласи Синвар за „мртовец што оди“, која постојано го нарекуваше Касапот на Кан Јунис поради неговата наводна улога во планирањето на нападот на 7 октомври. Во декември израелските сили ја опколија неговата куќа, но не го најдоа.
Уште тогаш се зборуваше дека најверојатно се криел под земја. Советникот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави потоа дека прашање на време е кога ќе биде фатен. Сепак, Синвар сè уште е во бегство, и покрај интензивниот израелски напад врз Кан Јунис, неговиот роден град.
Израелците објавија и друга видеоснимка за која велат дека ги прикажува нивните сили во делот на тунелите на Хамас каде што најверојатно се криел Синвар. На видеото, војникот, чие лице е заматено, вели дека се наоѓаат во главното скривалиште на Синвар и тврди дека лидерот на Хамас бил таму неодамна.
The @IDF is breaching hideouts that Hamas terrorists thought were impregnable fortresses before 10/7.
Here our soldiers are in a tunnel where Hamas war criminal Yahya Sinwar hid after the October 7 Massacre. pic.twitter.com/hQXgLGNe3r
— Eylon Levy (@EylonALevy) February 13, 2024
На видеото се гледаат и бањата, кујната и спалните соби, а војникот раскажува како нашле „милиони шекели и долари во сефот“.
„Тие побегнаа кога слушнаа дека ИДФ им се приближува. Знаеја дека доаѓаме, па побегнаа“,
додава војникот.