На насловните страници од светските магазини секојдневно гледаме совршени жени. Секако тоа е само привид на совршенството кое се постигнува со обработување на нивните фотографии.
Американската актерка Џенифер Лав Хевит повеќепати во текот на својата кариера се нашла на мета на критики поради своето тело.
Кога на насловните страници на некои од магазините, би се нашла нејзина фотографија во бикини – злобните коментари не сметка на нејзиниот целулит само се нижеле.
Меѓутоа, актерката поради тоа премногу не се грижела поради што никогаш не го ни криела целулитот.
„Долго молчев и не го коментирав начинот на кој женските тела константно се критикуваат. Да се разбереме, не сум вознемирена поради тоа што ми се случи мене, туку поради сите девојки кои се опседнати со изгледот на своите тела. Знам како изгледам и си го сакам своето тело, а тоа треба да го прават и останатите жени“, гордо изјавила актерката.
Кога пред неколку години еден магазин по грешка на својата веб-страница објави необработена фотографија од Ким Кардашијан, социјалните мрежи исто така се преполнија со коментари.
„Имам целулит, па што? Која девојка со облини го нема? Горда сум на своето тело и своите облини, а оваа фотографија е доказ дека доколку сум на некоја насловна страница од магазин не значи дека сум совршена“, порачала тогаш Ким.
Иако многу од познатите дами сами бараат да се обработуваат нивните фотографии пред да се објават, има и такви коишто тоа го одбиваат.
Своето вистинско тело не го крие ниту Алиша Кис:
„Ние жените сме најубави суштества на светот без оглед на тоа кој конфекциски број го носиме. Благодарна сум поради тоа што верувам во тоа поради тоа што мислам дека многу од жените сметаат дека треба да носат некоја помала величина облека за да бидат убави“, изјавила музичарката.