43-годишната Белинда Нортон од Австралија е мајка на две деца. Таа преку својот Инстаграм профил ја покажала неверојатната трансформација на телото, а нејзините следбеници тврдат дека изгледа подобро во 40-те отколку во 20-те години од животот.
Белинда напорно работела за да ја постигне совршената фигура. Таа секојдневно излегува на прошетка која трае околу 30 минути, вежба тренинг за брзина и се труди да има што поздрава и поизбалансирана исхрана. Намирниците кои содржат конзерванси се забранети на нејзината листа.
“29 години и 43 години – што се променило? Многу нешта! Многу нешта во општеството, многу нешта во врските, многу нешта во медиумите и многу нешта во мене”, напишала мајката под фотографиите на кои можеме да видиме како изгледала порано, а како изгледа сега.
“Најважната промена е постигнување на самодоверба. Кога секојдневно се будам со чувство на среќа, полна сум со енергија и имам зголемена подвижност на телото (без болки во грбот, колковите и колената). Најголемата промена се однесува на моето држење на телото”, истакнала Нортон.
Белинда потоа напишала листа на промени кои ги направила во своите доцни 20-ти години:
“Променив само 5 работи:
– секое утро 30-минутно шетање или трчање, во зависност од нивото на хормони. Тоа ми дава огромна енергија.
– консумирање само квалитетна храна која не содржи конзерванси.
– тренинг за брзина – 4 сесии неделно.
– правилно држење на телото.
– позитивен поглед кон моите способности. Елиминирање на негативните мисли”.
Трудот на Белинда дефинитивно се исплател. Фитнес инфлуенсерката која ја следат 54.000 луѓе на Инстаграм секојдневно дели совети за слабеење, постигнување на витко тело и извајани мускули, но и позитивен начин на размислување. Многумина велат дека токму оваа жена претставува инспирација за нив и ги мотивира храбро да работат на остварување на своите цели.