Најниски температури забележани во последните 25 години.
Делови од северозападна Европа во средата се соочија со последиците од последната во серијата бури во Атлантикот што донесоа дожд или снег на веќе заситеното тло, додека северна Скандинавија доживеа екстремно студено време .
Во северниот дел на Франција, спасувачките тимови помогнаа да се евакуираат жителите од поплавените домови во градот Арк во департманот Па де Кале, регион поплавен по втор пат во два месеци по обилните врнежи.
Во рок од неколку часа се очекуваат нови 20-40 милиметри дожд, а црвеното предупредување покажува дека реката Аа е блиску до излевање.
Pour @LaCroix à Arques, où les évacuations des habitants ont repris depuis hier. C’est la 3e crue depuis début novembre pic.twitter.com/Tsc90mdOeH— Youna Rivallain (@YounaRivallain) January 3, 2024
Фериботот кој патувал од Норвешка до Данска со околу 900 патници не можел да се закотви во Копенхаген поради невремето и чека ветерот да стивне, иако тоа можеби нема да се случи пред четврток наутро, соопшти бродската компанија DFDS.
Во Норвешка, јужниот град Кристијансанд најави затворање на училиштата и откажување на јавните автобуси поради обилниот снег. Истата бура, наречена Хенк од двете страни на Северното Море, донесе бури и обилни врнежи во делови од Англија и Велс во вторникот, предизвикувајќи прекин на електричната енергија, прекин на железницата и затворање на големи патишта поради поплави.
Desperat bilde fra Fatter som bor midt i #Kristiansand sentrum. Garasje portene i bakgrunnen er 2 meter høye pic.twitter.com/UyXt0DN2xs— Morten (@Bohemen_) January 3, 2024
Дрва паднаа на патишта и железнички линии, при што загина еден мотоциклист во југозападна Англија.
#Tewkesbury #Floods pic.twitter.com/525zce6q4s— Ken Goodwin (@KenGoodwinITV) January 3, 2024
Bit wet like #tewkesbury #floods pic.twitter.com/yb7E6c0mQe— Rich$ingularity (@richdeanmartin) January 3, 2024
Една 59-годишна жена почина во вторникот во белгиската провинција Источна Фландрија, откако беше погодена од разнесена ограда за време на обилните дождови во земјата, изјави во средата локалниот гувернер Карина Ван Каутер.
Арктичкото село Квикјок забележа ноќна температура од -43,6 степени Целзиусови, што е најстудениот јануари во Шведска во последните 25 години, соопшти Шведската метеоролошка агенција.
Last night marked the coldest temperature in Sweden in 25 years as the northern town of Kvikkjokk-Årrenjarka dropped to as low as -43.6°C.Extreme cold weather is set to persist across northern Scandinavia for the rest of the week. pic.twitter.com/7mhJ1LlBDc— BBC Weather (@bbcweather) January 3, 2024
Во Лапонија, северна Финска, една жена исчезна во снежна бура додека скијаше во вторникот, а подоцна беше пронајдена мртва во лавина.
Потрагата по нејзиното дете продолжи и во средата, соопшти финската полиција.
Chester looks like a grumpy banana when it’s pouring out and he has to wear his raincoat. #DailyChester #sheepadoodle pic.twitter.com/dnehCY824X— ✖️James Anok✖️🇨🇦🏳️🌈🇵🇹🇪🇺 (@ThetaState) December 27, 2023