Има 22 години, а ги посетила сите земји во светот

Лекси Алфорд од Северна Каролина е најмладата личност на планетата која ги посети сите 196 земји.
И покрај короната, успеа да отпатува во две земји. Две недели престојуваше во Турција и Ирак.
„Патувам уште од раното детство бидејќи мојата мајка има туристичка агенција, па одев секаде со неа“, рече Лекси.


Нејзината авантура започна кога таа имаше 18 години. Кога го завршила училиштето имала 70 печати во нејзиниот пасош – тогаш почнала да патува сама.


„Уште од 12-годишна возраст сонувам дека патувам и не работам ништо друго. Заштедив многу пари и тргнав во авантура“, истакнува Лекси.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.