Стотина лица неколку дена беа покрај Мавровското езеро во близина на селото Леуново. Тие палеа логорски огнови и изведуваа ритуали, а локалното население реагира дека полицијата треба да преземе мерки и да ги острани.
Странците пред заминувањето го исчистија целиот простор, а по тоа со коментар се јави популарната Ина Многуфина.
– Им пречи хипи комуна што го исчисти делот во Маврово, а не им пречат дивоградбите никнати низ цела планина. Правеле забави под дејство на алкохол бидејќи другите забави низ Македонија се со гурабии и слатко од смокви, вели Ина Многуфина.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.