Високите температури во Рим придонесоа за зголемување на популацијата на стршлени во тој град, кои често ги напаѓаат жителите и туристите во италијанската престолнина.
Градот Рим го повикал зоолог Андреа Лунерти, експерт за стршлени, за да ги отстрани бројните гнезда што овие инсекти ги направиле низ градот.
- Лазар Шчепановиќ: Сите убиства во Цетиње се извршени за половина час
- ЕВРОСТАТ: Над половина од населението во Швајцарија и Германија живеат под наем, дури 95 отсто Романци имаат сопствен дом
- Николоски: Ја почитуваме одлуката на Сиљановска-Давкова и ќе ги разгледаме укажувањата на Законот за заштита на децата
- Монструмот од Цетиње го ранил таткото на убиените момчиња и му рекол „сега ќе ти ги убијам децата“
- Уругвајскиот фудбалер Матијас Акуна пронајден мртов во хотелска соба
- Земјотрес го стресе Скопје
- Фон дер Лаен објави карта на Европа со Косово како дел од Србија
- По нападот на Божиќниот пазар во Магдебург – пораст на кривичните дела насочени кон странци
- (Видео) Српските студенти со видео-порака до властите на Србија
- Во моментов добивам многу повици, од сите страни. Луѓето ги гледаат овие големи инсекти како летаат наоколу, а нивните гнезда се огромни, понекогаш има од 700 до 1.000 единки – изјави Лунерти, а пренесува Гардијан.
Неодамна, Лунерти добил повик од домот на една постара госпоѓа која се вратила од одмор во Сардинија и открила дека 800 ориентални стршлени изградиле гнездо во нејзината бања.
Минатата недела, чистач на прозорци на возраст од околу 50 години паднал од скеле и починал откако бил нападнат од рој стршлени.
Освен екстремно топлото време за овој период од годината, Лунерти за наездата на стршлените ги обвинува и купиштата ѓубре во Рим.
Тој вели дека овие два елементи создаваат идеални услови за ширење на инсектите во урбаните средини.
– Рим е многу валкан град, контејнерите се насекаде отворени – рече Лунерти.
Ориенталните стршлени се присутни и во некои делови на јужна Италија, особено во пристанишните градови како Неапол.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.