Иниеста го сака Рамос за соиграч

Играчот на Барселона, Андрес Иниеста, истакнал дека би сакал во екипата да има соиграчи какви што се Серхио Рамос од Реал Мадрид и Иско од Малага.

„Секогаш ми се допаѓало како игра Рамос. Тој е извонреден фудбалер. Иско е еден од оние фудбалери чие време доаѓа“, изјавил Иниеста за шпанските медиуми. Еден од најдобрите светски фудбалери признал дека му недостига работата со Пеп Гвардиола и напоменал дека на тимот тешко му паѓа отсуството на Тито Виланова. „Ми недостига Гвардиола бидејќи сакам да работам со луѓе кои во кариерата направиле големи резултати. Сега е уште покомплицирано бидејќи Виланова не е тука, но ние и без него напорно работиме. Се надевам дека на крајот сè ќе заврши како треба“, рекол шпанскиот репрезентативец. Иниеста повторил дека би сакал кариерата да ја заврши во дресот на Барселона. „Тоа е моја желба. Тука дојдов пред 12 години. се чувствувам добро и сакам да се пензионирам во дресот на Барселона. Доколку најдеме заеднички јазик со клубот нема да има проблеми“, рекол најдобриот играч на Европското првенство, на кое Шпанија ја одбрани континенталната титула. Иниеста во кариерата за Барселона има одиграно 435 натпревари и постигнато 46 голови.
Макфакс
Играчот на Барселона, Андрес Иниеста, истакнал дека би сакал во екипата да има соиграчи какви што се Серхио Рамос од Реал М

Пронајдете не на следниве мрежи: