Манекенка од Австралија одлучила да покаже како се создаваат совршените фотографии, кои често ги гледаме на Инстаграм, а снимката многумина ги изненадила.
Кејт Весли, манекенка од австралискиот Перт, објавила видео на кое покажала колку ги обработува фотографиите, пред да ги објави на Инстаграм, а разликата е навистина огромна.
„Може да биде во прашање Фотошоп, може да биде поза, а може и личноста со која се споредувате, потполно да е поинаку градена од вас. Кога се споредувате со некој на интернет, веројатно за себе мислите сè најлошо, но споредувајте се со некој кој со светот ги споделил најдобрите моменти од својот живот“, напишала 24-годишната манекенка на Инстаграм.
View this post on Instagram
На снимката која ја објавила, се гледа колку „ослабнала“, ги нагласила јаболчниците, се ослободила од целулитот и ги зголемила градите. „Сите се споредуваат со другите, но често тоа не е фер борба. Инстаграм не е реален живот“, вели Кејт кои многумина ја гледаат како добар пример.
Ова не е прв пат Кејт да претстави позитивен став кон женското тело. Веќе и сама станала пример за многу девоки, а на Инстаграм ја следат речиси 280 илјади луѓе. Исто така била дел од насловната страница на магазинот „Sports Illustrated“.
„Здравјето е многу поважно од големината, а здравото тело доаѓа во многу различни облици и големини“, рекла таа за „Femail“. „Сите имаме несовршености и работи за кои сме несигурни, но сите сме луѓе и тие работи мора да бидат нормални и убави. Тие нè прават тоа што сме.“