ИНТЕРНЕТ ИЗМАМА – преку страница која наликува и на Македонски пошти, СЕ КРАДАТ стотици евра

Новинарот Владимир Тевчев од Телевизијата 24, преку својата фејсбук страница ги алармира граѓаните да бидат внимателни на една интернет измама која постои, односно на СМС порака на која можат да наседнат и да им бидат украдени суми на пари од нивните сметки.

Убиен е лидерот на Хамас во Либан
Хамас соопшти дека во денешен израелски напад е убиен нивниот водач во Либан – Фатех Шериф Абу ел-Амин. Тој бил убиен заедно со неговата сопруга, син и ќерка, во …
Пронајдена почината 72-годишна планинарка на Шар Планина
Регионалниот ЦУК Тетово, извести дека преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во 11.57 часот, вчера беше примен повик за исчезната повозрасна планинарка (72-годишна) на Шар Планина во …

„Внимавајте на интернет измама. Денеска на многу граѓани им стигнува СМС порака од некаков сервис Routee, дека за пратката која ја очекувате, треба да платите царина, а кога ќе се кликне на линкот, се отвора страница, која многу личи на Македонски пошти. Ви бараат податоци за кредитна картичка и ЦВЦ број. Бидејќи чекам пратка, цел на измамата бев и јас, но откако ги дадов податоците, сфатив дека се работи за измама. Се јавив во техничка поддршка на мојата банка за да ја блокирам картичката и за среќа, кај мене помина само со тоа. Но, од банката потврдија дека многу граѓани денеска на овој начин биле измамени и им биле украдени суми од 500 до 600 евра. Затоа, ако добиете СМС со ваква содржина, едноставно – ИГНОРИРАЈТЕ ЈА“, пишува новинарот Тевчев на својот фејсбук профил.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.