Интер парично казнет поради навивачите

Loading...

Фудбалскиот клуб Интер е казнет парично со 50.000 евра, бидејќи неговите навивачи го навредувале Марио Балотели за време дербито со градскиот ривал Милан.Дел од навивачите на Интер, во текот на целиот натпревар го провоцирале Балотели, мавтајќи со пластични банани.По завршувањето на мечот, Балотели не им останал должен, туку со непристоен гест им покажал што мисли за навредите.Интер, претходно, на почетокот на овој месец, поради расистички испади на навивачите беше казнет со 15.000 евра.Фановите на Интер за време на натпреварот помеѓу Киево и Милан пееле расистички песни со кои го навредувале Балотели.
МакфаксФудбалскиот клуб Интер е казнет парично со 50.000 евра, бидејќи неговите навивачи го навредувале Марио Балотели

loading...