Интимните моменти на прегратка помеѓу мажот и жената…

Кога мажот тивко приоѓа од зад грб и ја прегнува жената, тој со своите раце го затвора кругот. Нејзиниот круг и својот круг. Круг на нежност, топлина, разбирање и заштита.
И во самиот центар на овој жив куг, тој ја става жената. Со самото тоа тој покажува дека сега таа е центар на неговиот универзум.
Мажот ја прегрнува жената во тишина. Молчи и жената. Таа чувствува како топлината излегува од овие врели и молчаливи раце.
Кога мажот ја прегрнува жената, моментално и растат крилја. Во тој круг неа и е спокојно. Стокмено. Таа како шеќер се топи од оваа молчалива нежност.


Која е сега таа, која стои во средиштето на неговиот животен круг? Што чувствува жената во овој мoмент?
Жена или девојка? Сакана или онаа која сака? Тишина… со лесна прекривка на недореченост се прекриени нејзините рамена и од мажот ги крие своите мисли… или повеќе не ги крие? Затоа што таа е сега прегрната, заштитена од надворешниот свет кој е толку ладен и суров.
А тука, во неговите раце е топло и удобно. Спокојно.
Тоа се моментите за кои копнее жената, моменти кои ги чека и моменти на кои се надева.
Почесто прегрнувајте ја жената. Воведете ја во центарот на вашиот круг! Негувајте ја вашата жена покажувајќи и колку може да биде нежна и сензуална вашата љубов. Едноставно сакајте ја, таа копнее за тоа. Баш како и вие…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.