Денеска во присуство на премиерот Димитар Ковачевски, првиот потпретседател на Владата Артан Груби, амбасадорката на САД, Ангела Агелер, од страна на министерот за транспорт и врски, г-дин Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми и претставници на меѓународниот конзорциум Бехтел Енка потпишан е Договорот за изградба на Коридорот 8 и 10Д.
Проектот Коридорот 8 ќе се протега на должина од 68 километри со автопат со 6 ленти, кој ќе ги поврзува Тетово со Гостивар, Кичево, Струга до Ќафасан, додека Коридорот 10 Д, автопат со 6 ленти во должина од 40 километри, кој ќе го поврзе Прилеп со Битола.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја обвинуваше власта токму за надзорот за изградба на овие коридори, но на прашање на Инфомакс во јавноста се појавија нови детали кои откриваат какви и чии бизнис интереси се кријат во позадина на пресовите нарачани од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски го запраша Груби што се случи со првата компанија која го доби надзорот за изградбата на коридорите, хрватската компанија ИГХ, односно дали претходно не било познато дека избраната копманија има руски капитал, па токму ова е причината поради која мораше да се раскине договорот.
Првиот вицепремиер вели дека финансиските средства на компанијата ИГХ биле блокирани како дел од санкциите кон ЕУ од Русија и поради таа причина не успеале да поднесат банкарска гаранција.
-Постапката беше најрегуларна, првата постапка за избор на надзор и консултант, се елиминирапе фирмата поради нецелосна документација, втората компанија беше ИГХ од Хрватска која го доби тендерот но на крај се установи дека исте нивни средства се блокирани во руски банки затоа што во меѓувреме руски олихарх ја има купено фирмата и финансиските средства беа блокирани како дел од санкциите на ЕУ кон Русија. Не успеаја да поднесат банкарска гаранција и шуќур што се деси така, сега имаме светски признаена компанија која врши надзор, вели Груби.
Митовски запраша дали опозицијата ја брани хрватската компанијата која го спори раскинувањето на договорот, бидејќи менаџментот на компанијата е во блиски врски со сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ од Хрватска.
Груби директно посочи дека нема процес во кој што раководството на ВМРО-ДПМНЕ не „буричка со рачињата во медот“ па дури кога станува збор за соработка со руски капитал.
-Не се сомневам дека има интерес да се заштиит руски капитал, жалам што ВМРО-ДПМНЕ реши да ги урива институциите на земјава и кредибилитетот на секој посебен процес, мислам дека поривот на тоа е длабоко вкоренет во лидерството на опозицијата за корупција, нема процес кајшто они не знаат кај е медот, нема процес кајшто не сакаат да буричкаат со рачињата, во основа градбата е коруптивна. А корупција не е само злоупотреба на јавни пари, корупција е соработка со руски капитал, корупција е и рушењето на државни институции, корупција е и ширење на лажин вести, корупција е и целодневната пропаганда на медумите за да се скирјат мотивите вистински, а тоа е дека не ја сакаат Македонија во ЕУ туку во соработка со Русија. Тоа е апсолутно неприфатливо и граѓаните треба да го видат тоа, зтоа што во основа самиот суд утврди дека е криминално здружение по однос на коруптивни дејствија, потенцираше Груби.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.