(ИНФОМАКС) Како Мицкоски го позлати Пуцко Петрол: Mилиони во тендери од „вмровските“ општини за шеикот од Пласница

Чесни кадри и нови лица, ова беше платформата со која Христијан Мицкоски ја побара довербата од граѓаните на локалните избори во 2021, сепак веројатно никој не очекуваше дека овие „нови лица“ ќе продолжат по старо, односно со истите крими-бизнис шеми и коруптивни трендови од кои Македонија и Македонецот повеќе од 30 години не можат да кренат глава.

(ИНФОМАКС) Како Мицкоски го позлати Пуцко Петрол: Mилиони во тендери од „вмровските“ општини за шеикот од Пласница

Минатата недела Инфомакс објави ексклузивни информации за поминати тендерски набавки во повеќе од 10-тина општини со кои раководат кадри на Мицкоски, општини во кои електрична енергија се набавувала од фирма поврзана со екс-вицепремиерот за економски прашање во Владата на Заев, Кочо Анѓушев.

Иако Анѓушев токму од ВМРО-ДПМНЕ беше обвинуван дека својата фирма за трговија со електрична енергија ЕДС ја продал на грчкото електростопанство во моментот кога се менуваше името и како дел од зделката за промена на уставното име, тоа не ги спречи кадрите на Мицкоски кои раководат со општините да искешираат околу 2,5 милиони евра на фирмата на екс-вицепремиерот.

Но тоа не е се, бидејќи истражувањето спроведено од Инфомакс откриј уште многу вакви случаи во кои бизнис релациите и тендерите немаат никаква врска со политиката која навидум ја спроведува и пропагира Христијан Мицкоски во партијата и на македонската политичка сцена.

И токму Мицкоски и неговите „чесни“ кадри на кои устата им е полна со ДУИ за кои сметаат дека ја водат државата имајќи во предвид дека СДСМ редовно го нарекува помалиот партнер во Владата го позлатиле пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски.

Исмаил Јахоски е татко на Асмир Јахоски кој раководи со компанијата Пуцко Петрол, компанија која пратеникот на ДУИ ја има оформено и со која долго време лично раководеше.

Нејасно е зошто вмровските градоначалници, во вмровските општини исплатиле илјадници евра на компнијата Пуцко Петрол со која раководи кадар на ДУИ, партија која ВМРО-ДПМНЕ ја посочи како криминален елемент во Владата, партија чие неучество во Владата, Мицкоски го постави како услов за влез во Владата и гласање на промената на Уставот со цел внесување на Бугарите во истиот.

Една третина од општините со кои раководи ВМРО на Мицкоски , односно дури 16 општини со вмровски градоначалници склучиле договор со компанијата „Пуцко Петрол“ за набавка на горива. Градоначалниците на Мицкоски на Јахоски му доделиле тендери во висина од над 615 илјади евра или поточно 37.598.044 милиони денари.

Тендери од кадрите на Мицкоски за Јахоски од ДУИ се во период од од 17.10.2021 – 11.07.2023.

ОПШТИНА АЕРОДРОМ:

Договор за Набавка на моторно гориво за возилата во сопственост на Општина Аеродром слкучен на 12.06.2023 во вредност од 1.500.000,66ден. Потпишан од Тимчо Муцунски.

Договор за Набавка на моторно гориво за возилата на Општина Аеродром склучен на ден 06.06.2022 во вредност од 2.399.999,64ден. Потпишан од Тимчо Муцунски.

Вкупно од Аеродром 3.899.999 денари

ОПШТИНА СОПИШТЕ:

Договор на ЈКП Сопиште за набавка на гориво склучен на 08.02.2023 во вредност од 1.180.000,00ден. Потпишан од в.д директорот Трајче Андреевски.

Вкупно од Сопиште 1.180.000 ден.

ОПШТИНА ГАЗИ БАБА:

Договор за Набавка на моторни бензини, дизел горива и течен нафтен гас слкучен на 07.03.2023 во вредност од 900.000,16ден, потпишан од Бобан Стефковски.

Договор за Набавка на екстра лесно масло за домаќинство 1(ЕЛ-1) склучен на ден 20.12.2022 во вредност од 3.000.000,14ден. Потпишан од Бобан Стефковски.

Вкупно од Гази Баба 3.900.000 денари

ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА:

Договор за Набавка на гориво за потребите на ОКВ склучен на 01.03.2023 во вредност од 1.000.000,44ден. Потпишан од Орце Ѓорѓиевски.

Договор за Набавка на гориво за потребите на ОКВ склучен на ден 08.07.2022 во вредност од 500.000,00ден. Потпишан од градоначалник.

Вкупно од Кисела Вода 1.500.000 ден

ОПШТИНА БУТЕЛ:

Договор за Масло за горење за потребите на општина Бутел склучен на 28.12.2022 со вредност од 1.298.000,00ден потпишан од Дарко Костовски.

Вкупно од Бутел 1.298.000 ден

ОПШТИНА БИТОЛА:

Договор за Набавка на течни горива- Набавка на лесно масло за горење – екстра лесно масло за затоплување ЕЛ-1 слкучен на ден 02.11.2022 во вредност од 5.668.956,00ден. Потпишан од Тони Коњановски.

Договор со ЈКП Битола за Екстра лесно масло за греење склучен на ден 16.02.2022 во вредност од 1.730.588,00ден. Потпишал директор Пеце Милевски.

Од Битола вкупно 7.400.544 ден

ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ:

Договор за Набавка на масло за горење екстра лесно ЕЛ1 за потребите на Општина Ѓорче Петров,основните училишта и детската градинка склучен на ден 22.11.2022 со вредност од 11.661.503,40ден. Потпишан од Александар Стојкоски.

Договор за Набавка на гориво за моторни возила склучен на ден 13.09.2022 во вредност од 944.000,00ден. потпишан од градоначалник.

Вкупно од Ѓорче Петров 12.605.503 ден

ОПШТИНА МАКЕДОНСКИ БРОД:

Договор за набавка на гориво склучен на ден 17.08.2022 во вредност од 1.416.000,00ден. Потпишан од градоначалнк Жарко Ристески.

ОПШТИНА КАРБИНЦИ:

Договор за Материјали за огрев (Екстра лесно гориво ЕЛ) за училишната зграда на ООУ “Страшо Пинџур”-Карбинци склучен на ден 25.07.2022 во вредност од 1.298.000,00ден. Потпишан од градоначланик Виктор Паунов.

ОПШТИНА РЕСЕН:

Договор за набавка на Масло за греење склучен на 25.10.2022 во вредност од 1.199.999,94ден. Потпишан од градоначалник Јован Тозиевски.

ОПШТИНА НОВАЦИ:

Договор за набавка на Набавка на ЕЛ-масло за греење на општинска зграда во с.Новаци склучен на ден 29.09.2022 во вредност од 999.999,99ден. Потпишан од Стевче Стевановски, градоначалник.

ОПШТИНА ГАЗИ БАБА:

Договор за Набавка на моторни бензини, дизел горива и течен нафтен гас склучен на ден 07.03.2023 во вредност од 900.000,16ден. Потпишан од Бобан Стефковски.

Мицкоски им должи сериозно објаснување на своите членови, но и на целата македонска јавност зошто лично тој и неговите послушници редовно го напаѓаат ДУИ, а тоа не ги спречува неговите „чесни“ кадри да прават бизнис со партијата која соогласно неговите изјави е олицетворение на злото во Македонија.

Очигледно е дека оваа кавга иницирана од Мицкоски со ДУИ е само театар за широките народни маси, уште еден неуспешен обид на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ да го поправи својот очаен рејтинг кој е половина од рејтингот кој го има најголемата политичка партија во Македонија. Ако до сега сметавме дека единствениот концизен и прецизен став кој Мицкоски го има кон нешто е неговиот став кон ДУИ, сега е веќе јасно дека Мицкоски и по ова како и по однос на сите прашања во државата нема став.

Сработиле: Александар Митовски, Милош Милошевски и Александра Петровска

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.