Приказните од „Илјада и една ноќ“ преточени во балетот „Шехерезада“ од Н. Р. Корсаков, под
диригентската палка на Бисера Чадловска, кореографијата ја пренесе познатиот балет-мајстор
од Москва, Михаил Крапивин, со првична постановка на Михаил Фокин ќе се изведе на
сцената на Националната опера и балет на 14 јуни со почеток во 20.00 часот. Сценографијата е
на Марија Ветероска, а костимите на Маја Бурсаќ од Србија, концерт-мајстор: Верица
Ламбевска.
Балетската приказна ќе ни ја раскажат: Ивана Коцевска, Балаж Лашеи (Унгарија), Драган
Кочоски, Стефан Кочевски, Лора Тарчуговска, Симона Митовска, Илијана Данилов, Ивана
Димкоска
„Валпургиска ноќ“ – Шарл Гуно е балетски дел од операта „Фауст“ на Шарл Гуно
На 27 јануари 1949 година, изведен е првиот самостоен балетски настап на ансамблот, со
„Валпургиска ноќ“, балетскиот дел од операта „Фауст“ на Шарл Гуно, во кореографија на Ѓорѓи
Македонски. Во 1949 година и официјално е формиран Балетот при Македонскиот народен
театар.
Диригент: Бисера Чадловска, кореограф: Габор Кевехази (Унгарија), сценограф: Марија
Ветероска, костимограф: Марија Пупучевска, концерт-мајстор Верица Ламбевска
Настапуваат:
Марија Кичевска Шокаровска, Саша Евтимова, Мими Поп Алексова Атанасовска, Мирослав
Митрашиновиќ, Николас Орсо, Кристијан Јангос, Игор Веланоски, Ендру Кук (Англија), Илијана
Данилов.
Настапуваат првенци, истакнати солисти, солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на
Националната опера и балет.