Информација за изведбата на оперската претстава „Лучија од Ламермур“ од Гаетано
Доницети

Една од водечките белканто опери во светската оперска литература „Лучија од Ламермур“ од
Гаетано Доницети, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе на 12 март 2022, со
почеток во 20.00 ч. Лучија од Ламермур е трагична опера напишана во два чина. Салваторе
Камарано го пишува либретото според новелата на Сер Волтер Скот „Невестата од Ламермур“.
Диригент на оваа психолошки фасцинантна опера е Иван Еминовиќ, режисер и сценограф е
Лев Пулиезе од Италија, а костимограф Марија Пупучевска, концерт мајстор: Верица
Ламбевска.
Во насловната улога ќе настапи Наде Талевска, во улогата на Енрико: Ристе Велков,
Едгардо: Благој Нацоски, Артуро: Никола Стојчески, Рајмондо: Алесандро Абис (Италија),
Ализа: Соња Пендовска Мадевска, Нормано: Дејан Стоев
Настапуваат хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.