48-годишен скопјанец ја тепал сопругата со тврд предмет.
– На 22.12.2024 во 17.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со В.Б.(48) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 21.12.2024 околу 19.30 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром физички ја нападнал неговата 44-годишна сопруга, при што употребил и тврд предмет, соопштија од полицијата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.