ИН МЕМОРИАМ: ТАТЈАНА ПЕТРУШЕВСКА

ИН МЕМОРИАМ: ТАТЈАНА ПЕТРУШЕВСКА, На 55 години почина д-р Татјана Петрушевска – универзитетски професор, правник.

Д-р Татјана Петрушевска БЕШЕ редовен професор по меѓународно јавно право, право на меѓународните организации, право на меѓународните трибунали, дипломатско и конзуларно право, мултилатерална дипломатија, мултилатерална дипломатија и Организацијата на обединетите нации, право на Европската унија, заедничка надворешна и безбедносна политика на Европската унија и надворешна политика на Европската унија и на Соединетите американски држави на Правниот факултет “Iustinianus Primus” во Скопје. Има објавено повеќе од 250 научни и стручни трудови во домашни и странски стручни списанија на теми од областа на меѓународното јавно право и правото на Европската унија и учествувано на многубројни меѓународни конференции, тркалезни маси и семинари на разновидни теми од областите што се предмет на нејзин непосреден интерес.

Има објавено повеќе од 250 научни и стручни трудови во домашни и странски стручни списанија на теми од областа на меѓународното јавно право и правото на Европската унија и учествувано на многубројни меѓународни конференции, тркалезни маси и семинари на разновидни теми од областите што се предмет на нејзин непосреден интерес.

Професионален растеж:

Од 1993 до 1995 – помлад асистент по меѓународно право и меѓународни односи на Правниот факултет во Скопје;
Од 1995 до 1998 – асистент по меѓународно право и меѓународни односи на Правниот факултет во Скопје;
Од 1998 до 2008 – доцент и вонреден професор по меѓународно право, меѓународни односи и право на ЕУ на Правниот факултет “Iustinianus Primus” во Скопје и визитинг професор на Универзитетот “ФОН” во Скопје и во Струга, на “Европскиот универзитет” во Скопје и во Охрид, на универзитетот “Штул” во Тетово, на Економскиот факултет во Прилеп, на Факултетот за администрација во Битола и на Правниот факултет во Кичево (Битола и Струга);
Од 2008 – редовен професор по меѓународно право, меѓународни односи и право на ЕУ на Правниот факултет “Iustinianus Primus” во Скопје;

Клучни образовни референци:

1993 – дипломиран правник, со просечна оцена десет, како студент на генерацијата и втор најдобар студент во аналите на Правниот факултет во Скопје, на Универзитетот “Свети Кирил и Методиј”;
1995 – магистер по право, со највисока оцена, Правен факултет на Универзитетот во Белград;
1998 – доктор по право, со највисока оцена, Правен факултет на Универзитетот во Белград;

Странски јазици:

англиски, италијански, руски, хрватски и српски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.