Пет илјади американски војници учествуваа во копнената операција што Израел ја започна во петокот во Појасот Газа, јави иранската државна новинска агенција Тасним, повикувајќи се на извори од разузнавачкиот сектор на земјата.
- Нетанјаху: Израел се пресмета со Синвар, но војната не е завршена
- Селекторот на Бразил го „издаде“ Нејмар кога ќе се врати на терен!
- Европа треба да се подготви за постудена зима, пазарот на гас е ранлив
- Инцидент во Гази Баба: 67-годишник бил нападнат по недоразбирање во сообраќајот
- Дете каснато од бездомно куче во Драчево, настрадале уште двајца скопјани
- (Фото) Искршен штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода
- 10.000 КОРЕЈСКИ ВОЈНИЦИ ЌЕ СЕ БОРАТ ЗА РУСИЈА: Еве колку се опасни воините на Ким и што носат во Москва
- ФФМ го казни Вардар со 5.000 евра
- Димитриеска-Кочоска: Инвестициите носат економски раст и повисок животен стандард, не може да се потпреме само на пораст на платите
Членот на раководството на Хамас во странство, Али Барака, изјави дека обидот за израелска копнена операција од три правци во Појасот Газа не успеал, а израелската армија претрпела големи загуби.
„Во информацијата од извор во иранските безбедносни служби, на новинарите на агенцијата Тасним им било кажано дека околу пет илјади американски војници учествувале во израелската копнена операција во Појасот Газа ноќта меѓу петокот и саботата“, пишува иранската агенција.
Тасним наведува, повикувајќи се на други информирани извори, дека израелската армија започнала копнена операција во која учествувале три нејзини дивизии, како и неколку бригади на американската армија.
Според информациите на иранската агенција, израелската армија сега се обидува да го подели Појасот Газа на две или три зони, а потоа да премине во следната фаза, сметајќи на тој начин да ги прекине врските на палестинските сили.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.