Исклучени 10 возачи, возеле под дејство на алкохол






Вчеравечер и ноќеска (16/17 март) од 23 до 5 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на возачи кои ги управуваат возилата под дејство на алкохол. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 10 возачи (ТЕ-6 и ГВ-4) кои управувале под дејство на алкохол, од кои кај 1 (ГВ) биле измерени до 2, а кај 1 (ТЕ) над 2 промили алкохол во организмот, односно во крвта.

Возачите-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај, времено им се одземени нивните возачки дозволи и изготвени им се поднесоци со парични глоби кои за овој вид сообраќаен прекршок, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се движат од 225 до 375 евра во денарска противвредност. Во акциската контрола, исто така, биле санкционирани и 25 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-13 и ГВ-12).
Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш со апел до возачите да се воздржат од консумирање алкохол ако управуваат возила, зашто алкохолот крајно негативно влијае на нивната способност за управување и ја доведува во ризик личната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Ова, посебно се однесува на возачите-почетници, но и на сите други, без разлика дали се движат на покуси или подолги релации.

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ

Извор








Пронајдете не на следниве мрежи: