Нов обид да се фалсификуваат рејтинзите на медиумите, но овојпат на интернет. Наместо да се користат светски, се прават локални критериуми за читаност и потоа во соработка со некои агенции, се манипулира со парите за реклами на интернет сајтовите, пренесува Сител.
Според телевизијата, агрегаторот Тајм.мк опстојува преземајќи без дозвола туѓи текстови од други медиуми, ги става на сајтот и од тоа заработува преку продажба на рекламен простор.
-На овој начин прави кражба на авторски права на новинарите кои ги создаваат информациите, а никој не им плаќа затоа што неовластено ги преземал, а заработува на нивниот труд. Откако Сител побара Тајм.мк да не профитира со кражба на туѓи авторски права, порталот измисли свој критериум на посетеност на страниците кој им го нуди на маркетинг агенциите.
Но, овој критериум е селективен, бидејќи во една група се одбираат сајтови кои не го загрозуваат рејтингот на Тајм.мк, а во друга се Сител и останатите кои важат за најпосетувани сајтови. За ваквите манипулации веќе реагираат многу корисници, меѓу кои и од ПУЛС 24, пренесува Сител.
Сопственикот на порталот ПУЛС 24, 21-годишниот студент од Скопје Филип Петровски во изјава за Курир вели дека тие не го прифаќаат ова манипулирање на македонската јавност и посочува дека оваа манипулација има сериозни димензии.
-Не е битно што Тајм.мк, односно неговиот сопственик неможат да се помират со фактот дека не се веќе први, побитно е што со ова е создадена нелојална конкуренција и се доведуваат во заблуда огласувачите кои го закупуваат просторот на сајтовите токму поради рејтингот, смета студентот Петровски.
Во текстот објавен на порталот на Сител се вели дека државата мора да ја регулира работата на агрегаторите, за да не се појавуваат нови манипулации со рејтинзите на интернет. Се очекува новиот закон за медиуми ова да го реши со законска обврска и агрегаторите на вести да имаат дозвола за превземање и пренос на информации од кои имаат профит.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.