Последната анкета во Франција покажа дека дури 72 отсто од нејзините жители стравуваат дека нивната земја може да биде нападната на ист начин како што палестинското движење Хамас го нападна Израел.
Резултатите од истражувањето на Францускиот институт за јавно мислење ги објави дневниот весник „Фигаро“ во кој се наведува дека повеќе од 80 отсто од анкетираните стравуваат дека ќе ги почувствуваат последиците од ескалацијата на палестинско-израелскиот конфликт.
- Студентите од утре може да се аплицираат за продолжување на стипендиите
- Навреди, турканици, запалени столчиња, тензично во албанскиот Парламент
- ТРАМП СЕ ПОФАЛИ: Вели ако тој бил на власт, Путин само ќе сонувал за напад на Украина
- Сите очи вперени кон Иран и Хезболах додека размислуваат за нивните следни потези?!
- Обезглавениот Хезболах е „спремен“ за израелска копнена офанзива
- In memoriam: НЕСТОР ОГИНАР – ЧОВЕК ОД РАНГ И РОДОЉУБ
- (Видео) ЕРДОГАН ДАДЕ КOШ: Публиката аплаудираше
- Дунав поплави село во Србија: Куќите полни со вода, струја нема, до местото се стигнува само со чамец!
- Гинеше за Кометал и за Македонија: Лариса Кисељева се соочува со тешка животна битка за да ја спаси својата ќерка!
Стравот од терористички напад од големи размери се објаснува со тоа што значителен дел од Французите (37%) го поддржуваат Израел, а не Палестинската национална управа (20%).
Чувството на опасност го поврзаа и со терористичките напади кои Франција ги доживеа на 13 ноември 2015 година, кога џихадистите го нападнаа театарот Батаклан. Загинаа 130 луѓе, а повеќе од 350 беа повредени.
На 24 октомври, на прес-конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Емануел Макрон рече дека Франција и Израел можат да создадат регионална коалиција за борба против тероризмот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.