Истражување покажа дека неверството најчесто се случува во оваа година од животот – поради што е тоа така?

Луѓето изневеруваат во врска или во брак поради различни причини. Некои тоа го прават поради тоа што сакаат да придобијат внимание од партнерот кое им недостасува, додека пак други тоа го прават од одмазда.

Едно истражување покажало дека постојат двојно поголеми шанси да го изневериме партнерот во 39-та година отколку во било која друга.

Зошто е тоа така?
Имено, таа година претставува пресврт – тогаш некои почнуваат да доживуваат криза на средните години, додека пак други почнуваат да ја доживуваат втората младост.
Ова истражување покажало дека луѓето во оваа година од животот често изневеруваат поради тоа што се чувствуваат запоставено, па тоа го сметаат за начин да го придобијат вниманието на партнерот.

Наводно постојат пет најчести причини за неверство:

  • недостаток на страст и возбудување во кревет – 76 отсто;
  • здодевност во врската – 46 отсто;
  • „добра прилика е“ – 54 отсто;
  • желба за промена – 22 отсто;
  • повторно воспоставување контакт со стара љубов на социјалните мрежи – 28 отсто.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.