Истражување: Стапката на наталитет во богатите земји е преполовена



Стапката на наталитет нагло се намали во некои од најбогатите земји во светот и веројатно ќе остане ниска бидејќи економските грижи ги принудуваат луѓето да ги проценат трошоците за раѓање деца, се вели во извештајот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Многумина во земјите-членки на ОЕЦД сега избираат дали ќе имаат деца подоцна во животот или воопшто нема да имаат, се вели во денеска објавениот извештај.

„И младите мажи и жени сè повеќе ја наоѓаат смислата на животот надвор од родителството“, се додава во извештајот.

Стапката на фертилитет во земјите на ОЕЦД падна на едно и пол дете по жена
Вкупната стапка на фертилитет во земјите на ОЕЦД падна на просечно 1,5 деца по жена во 2022 година од 3,3 во 1960 година, се вели во извештајот, користејќи единица која го мери просечниот број на деца родени по жена во текот на животот.

„Иако земјите спроведуваат низа политики за поддршка на семејствата, економската цена и долгорочната финансиска несигурност продолжуваат значително да влијаат врз одлуката на луѓето да станат родители“, рече Стефано Скарпета, директор на Одделот за вработување, труд и социјални работи на ОЕЦД.

Најниска стапка на фертилитет е измерена во Кореја, со 0,7 деца по жена, а потоа следат Италија и Шпанија, каде стапката е 1,2. Највисоки стапки се измерени во Израел со 2,9 деца по жена, а потоа следат Мексико и Франција со 1,8.

„Бројот на луѓе без деца се зголемува речиси насекаде“, вели Томас Соботка, истражувач во Виенскиот институт за демографија.

Притисокот да бидат добри родители, кој вклучува посветување време на воспитувањето на децата, исто така ги натера младите да го одложат или избегнат создавањето семејство, според организацијата со седиште во Париз.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: