Исфарбајте ги јајцата како никогаш досега: Подгответе ориз и гледајте како се создава магија

Современите домаќинки секоја година пред Велигден пробуваат нови техники за фарбање на јајцата, за да ги претворат во вистинска мала уметност.
Една од нив е и фарбањето јајца со помош на ориз. Во зависност од желбата можете да користите една боја или пак подгответе цела палета и така украсете ја масата за да изгледа како никогаш досега.
Подгответе јајца, бои, ориз и ракавици.


Потребно ви е:
ориз со долго зрно
боја за јајца во гел или течна боја за јајца
кружен пластичен сад со дијаметар од 8-10 cm, со капак
заштитни ракавици
Подготовка на јајцата:
Сварете ги јајцата, извадете ги од водата и исушете ги со хартиена крпа. Оставете ги да се изладат. Јајцата не треба да бидат ниту жешки ниту ладни, туку топли.
Фарбање:
Во сад истурете околу две лажици ориз. Количината на оризот зависи од садот во кој работите, никако не треба да го наполните до врв. Врз оризот ставете ја гел бојата и измешајте за оризот да се избои. Ставете јајце, покопете и ‘протресете’.
Внимавајте тоа да не го правите премногу силно за да не го скршите јајцето, туку нежно поместете го неколкупати.
Ако е потребно јајцето можете да го поместувате и со раце. Со оглед на тоа дека имате ракавици, не треба да се грижите дали ќе се направите со боја на кожата на рацете.
Постепено додавајте уште боја, бидејќи оризот впива и се суши. Може да додадете и малку вода, но така бојата ќе ви биде посветла.
Подгответе повеќе садови бидејќи за секоја боја ќе ви биде потребен друг, за боите да не се измешаат.
Може да комбинирате и две бои, прво јајцето ставете го во сад со една боја, па во сад со друга боја. Јајцата оставете ги да се изладат, па премачкајте ги со малку масло за убаво да заблескаат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.