Исчезнатиот велешанец пронајден мртов, со автомобил излетал од патот

Велешанецот на возраст од 49 години, кого вчера неговиот внук го пријавил во полиција за исчезнат, денес бил пронајден починат на автопатот „Пријателство“.

Како што информираат од СВР Велес, тој излетал со своето возило и од здобиените повреди починал.

Објавена фотографија од Жељко Самарџиќ стара 40 години: Погледнете како изгледаше тогаш пејачот
На интернет се појави фотографија стара 40-години на Жељко Самарџиќ на која пејачот е речиси непрепознатлив.Самарџиќ на фотографијата има сосема поинаква фризура, односно долга кафена коса, за разлика од имиџот што го градеше …
Израел го уништи срцето на операцијата! Убиен главниот командант на Хезболах!
Ибрахим Акил, шеф на елитната единица на Хезболах Радван, е убиен во цел напад во Бејрут, Либан, соопштија во петокот израелските одбранбени сили.САД го обвинија Акил за бомбашкиот напад на американската амбасада во …

– Денеска (07.12.2023) во 14.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Пријателство, во правец од Скопје кон Велес, на околу 1.400 метри после исклучок за езеро Младост, било пронајдено излетано возило од патот, форд фокус со велешки регистарски ознаки. Во несреќата, од здобиените повреди починал возачот П.Д.(59) од Велес, за кој на 06.12.2023 неговиот внук пријавил дека се оддалечил од домот. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош-Велес, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Велес. По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција – известија од СВР Велес.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.