Пред само неколку минути, познатата актерка Тања Кочовска на својот профил на Фејсбук објави фотографија од својата мајка Невенка Кочовска, за која како што вели, боледува од алцхајмерова болест. Сестрите Кочовски трагаат по нивната мајка, која утринава излегла од домот во 9.30 часот и оттогаш не се вратила.
Апелот за помош гласи:
„Исчезна мајка ми. Се вика Невена, има кратка проседа коса, облечена е во црни панталони и црна јакна. Последен пат е видена кај Фонтана (Градски парк) пред час и половина. Ве молам доколку ја препознаете или видите жена со ваков опис да ни се јавите на 070 430 943 или 070 270 120“