Познатото дело „Салватор мунди“ (Спасител на светот) на Леондардо Да Винчи, најскапата некогаш продадена слика, исчезна!
Во 2017 година сликата беше продадена за неверојатни 450,3 милиони долари, а требало да биде изложена во арапската верзија на музејот Лувр во Абу Даби.
И покрај тоа што од тамошниот секретаријат за култура соопштија дека сликата ќе биде изложена во септември 2018-та година, тоа сепак не се случи. Се претпоставува дека скапото уметничко дело го купил близок соработник на контроверзниот саудиски принц Мухамед Бин Салман.
Наводно, откако принцот Мухамед ја купил сликата, бил жестоко критикуван во арапскиот свет поради христијанскиот мотив – спасителот Исус. Сето ова ги надминало границите на толеранцијата во овие конзервативни земји. Поради тоа, Мухамед наводно и им ја отстапил сликата на семејството Бин Зајед, чиј што прв човек Халифа Бин Зајед Ал Нахјан е претседател на Обединетите Арапски Емирати.
Всушност, на некој начин станува збор за трампа затоа што тој за возврат тој ја добил луксузната јахта „Топаз“ долга 147 метри и вредна околу 450 милиони долари.
Меѓутоа, многумина сметаат дека саудискиот престолонаследник едноставно одлучил да ја задржи сликата на Леонардо Да Винчи за себе.