Италијанската фирма бара околу 8 милиони евра отштета за договорот за Клинички

Министерот за здравство Беким Сали вели дека италијанската компанија за раскинување на договорот за изградба на нов Клинички центар во Скопје бара оштета во износ од околу осум милиони евра.

„Имаме еден документ кој што е побарување од осум милиони евра, за кој што исто така, немаме одговор од истата компанија која што го доби тендерот и беше поништен. На нашето барање за состанок за условно кажано за докажување на долгот, колку е за кој дел и зошто го бара тој износ, не сме имале никаков одговор“, рече Сали денеска, по потпишувањето на Правилникот за функционална проценка на деца и млади со попреченост во Владата.

Во мај 2017 година тогашниот министер за здравство Никола Тодоров соопшти дека новиот Клинички центар во Скопје во вредност од 72 милиони евра ќе го градат двете најголеми македонски градежни компании „Гранит“ и „Бетон“, во соработка со италијанска компанија „Инсо системи“. Подоцна овој договор го раскина неговиот наследник Венко Филипче.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.