Италијанскиот милионер доби титула „најзгоден дедо“, сега чека дете со двојно помладата девојка

Италијанскиот милионер и плејбој Џанлука Вачи (52) објави дека чека дете со својата двојно помлада девојка, Шерон Фонсека (25).
-Кога и да размислував за потенцијалната мајка за својот син, таа жена секогаш ги имаше карактеристиките на Шерон. Среќен сум што можам да ви кажам дека Шерон и јас чекаме бебе, а таа ќе биде точно таква мајка каква што отсекогаш сакав за своето дете, изјавува Џанлука во видеото објавено на Инстаграм.


Овој милионер на Инстаграм ја доби титулата „најсекси дедо на светот“, а на оваа социјална мрежа го следат 15 милиони луѓе. Според пишувањата на Дејли Мејл неговото богатство се проценува на околу 300 милиони долари.
Со Шерон е во врска од 2017 година, а од претходната врска ја има ќерката Џинерва Мавила родена во 2002 година.


На своето тело Џанлука има голем број тетоважи, а на грбот се има истетовирано самиот себе. Тој се фотографира најчесто во костим за капење или куси панталони на јахта, покрај базен и слично.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.