Италија пред крајот на оваа недела ќе ги објави своите планови за постепено олеснување на карантинските мерки воведени за борба против новиот коронавирус. Спроведувањето ќе почне на 4 мај, објави денеска премиерот Џузепе Конте.
„Би сакал да кажам, ајде да отвориме се. Веднаш. Почнуваме утре наутро. Сепак, таквата одлука би била неодговорна. Тоа ќе ја нацрта кривата на зараза нагоре на неконтролиран начин и ќе ги врати сите наши напори досега”, напиша италијанскиот премиер на Фејсбук.
Тој повика да се преземат активности врз основа на национален план за „отворање, но земајќи ги предвид локалните специфичности“.
Конте наведе дека олабавувањето на ограничувањата ќе се заснова на внимателно истражување и научни податоци, а не „да се задоволи дел од јавно мислење, барања од одредени сектори на производство, индивидуални компании или специфични региони “.
Италијанскиот премиер истакна дека спроведувањето на овој план носи ризици и „мора да бидеме подготвени да ги ограничиме на минимум“.
„Потребно е компаниите да ги почитуваат неопходните мерки за безбедност на работното место, но да го земат предвид протокот на работниците што „отворањето“ ќе го генерира и неговиот ефект врз јавниот превоз, особено за време на пик-часовите“, додаде Конте.
Бројот на заразени во Италија се намали на 2.256 вчера – најниско дневно ниво за повеќе од еден месец. Вирусот досега предизвика смрт на 24.111 лица во државата.