Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани повика на меѓународна осуда на Русија.
„Изненаден сум од сликите од бомбардирањето во Киев, кога беше погодена и детска болница. Тоа се воени злосторства кои мора да бидат осудени од целата меѓународна заедница“, напиша Тајани на X, додавајќи дека италијанската влада „ќе продолжи да го брани суверенитетот на Украина и нејзиниот народ“.
Бројот на загинати се искачи на 31
Бројот на загинати во денешните руски напади се искачи на 31, а повеќе од 150 лица се повредени, соопштија украинските власти.
Последните извештаи велат дека 17 лица загинале во главниот град Киев, од кои две во детската болница, а уште 11 на неколку места во регионот Дњепропетровск.
- Руски дронови и ракети во бранови погодуваа мети: Жесток напад на истокот на Украина, на удар е и Киев – Тревогата траела дури пет часа
- Терористички напад во Израел, пукање на автобуската станица: Десет лица избодени, едно лице загина, напаѓачот убиен со огнено оружје (ВИДЕО)
- Министерката Божиновска не одговара за нејзината бугарска самосвест оти ја прашувале тие кои посакувале заборав на сè што неправиле
- ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО НАПРАВИВМЕ ВО ГАЗА И БЕЈРУТ: Министерот за одбрана на Израел испрати остри зборови до Иран
- Во вторник во Будимпешта ќе биде потпишан договорот за унгарскиот кредит од 500 милиони евра
- Во тагата радост: Дете пронајдено живо под плоча тешка два тона
- Сообраќајна несреќа на патот Велес – Скопје, сообраќајот е во прекин
- Меџити очекува дестабилизација на „Европскиот фронт“ на ДУИ