Националната здравствена служба, што обезбедува бесплатна медицинска нега, до неодамна беше гордост на Англија, но од минатата година е под притисок од пандемијата на коронавирусот и е погодена од недоволни инвестиции и чести штрајкови на медицинските работници незадоволни од ниските плати.
Некои пациенти се лекуваат во ходници и во амбулантни возила, други чекаат во редици надвор од болниците или итните служби, а болниците се обидуваат порано да ги отпуштат посериозните пациенти поради недостаток на персонал и кревети, јавија медиуми во Лондон.
Владата најави дека ќе обезбеди дополнителни 200 милиони фунти средства за здравствена заштита и подобрување на работните услови и уште 50 милиони фунти за подобрување на постоечките капацитети.
Во соопштението на владата не се наведува дали НХС во Шкотска, Велс и Северна Ирска, исто така, ќе инвестира повеќе во зголемување на капацитетот на болниците.
„НХС е под огромен притисок од Ковид-19, сезонскиот грип и најавените штрајкови. Оваа зима претставува екстремен предизвик“, нагласи Стив Баркли, британски министер за здравство.
Пронајдете не на следниве мрежи: