Итaлијански милионер организирал забава и ги шокирал присутните: „Знам дека ме изневеруваш“

Италијанскиот милионер Масимо Сегре организираше забава по повод веридбата со Кристина Сејманди во својата вила во Торино. Ги поканил своите блиски пријатели и членови на семејството, а потоа направил нешто што ги оставило сите, вклучително и вереницата, во целосен шок.

“Сакам да и дадам слобода на Кристина да сака. Поточно, да сака друга личност, адвокатот, за кој јасно се грижи повеќе од мене. Драга Кристина, знам колку си заљубена во него. А знам и дека пред него си имале врска со мој познаник“, изговорил тој наместо завети за љубов.
Потоа почнал да покажува фотографии од неговата несудена сопруга со други мажи. Додека тој покажувал, Кристина панично се вртела наоколу, а гостите со неверување гледале. „Немојте да мислите дека ми е мило што пред сите вас изгледам како будала. Срцето ми е скршено“, продолжил Масимо.

Итaлијански милионер организирал забава и ги шокирал присутните: „Знам дека ме изневеруваш“

Тој и рекол на својата поранешна партнерка да го однесе нејзиниот љубовник на Миконос, каде што требало да одат заедно, бидејќи патувањето веќе било платено. Видеото ги преплави социјалните мрежи, по што Кристина добила смртни закани. Таа за Тајмс открила дека ќе го тужи својот поранешен партнер за клевета.
Имено, таа е убедена дека тој го организирал снимањето на настанот, но Масимо го демантирал тоа обвинение. Во исто време, тој ја обвинува својата поранешна партнерка за кражба на финансиски средства. Имено, таа е и директорка на неколку негови фирми, така што покрај љубовните проблеми кај нив ќе се решаваат и деловните прашања.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.