Во местото викано Телешорски извори во атарот на село Смиланци, радовишко полицијата откри нива на која се одгледува марихуана. Заради основано сомнение за сторено кривично дело неовластено произвотство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори полицијата поднесе пријава против К.М. на 53 и Н. Т. на 45-годишна возраст.
На парцела во сопственост на сега веќе починато лице од село Подареш на лице место е фатен еден од осомничените.
Пронајдени се околу 58 стебла од растението канабис сатива, кои веќе се откорнати и дадени на вештачење.