Можеби звучи неверојатно, но настанот навистина се случил во Русија во 2015 година. Катја Спесициева (9) почина од ненадеен застој на срцето. По страотната тортура од страна на нејзината 36-годишна мајка Људмила, која само затоа што девојчето плачело, малата Каќа почина.
Катја боледувала од церебрална парализа, се разбудила една ноќ и неутешно плачела. Бесна од тоа што девојчето ја разбудило од сон мајката почнала да ја удира и да ја тресе, и во налет на хистерија и ја одгризала усната. Се обидела да и го одгризе и носот, но во тоа за среќа не успеала.По неколкудневната борба со болките и здобиените рани Људмила конечно решила да го однесе детето на лекар, каде веднаш било хоспитализирано, по што и биле дијагностицирани и бројни модринки и други повреди на телото. Заради запоставување била одземена од мајката, но исто така било утврдено дека малата Каќа боледува и од многу други болести и повеќе од една година минала во разни болници.По заздравувањето минатата година како среќата, сепак, да му се насмевнала на ова кутро дете. Била посвоена од Ана Макарова-Бесполова, каде конечно ја добила толку потребната грижа и љубов од оваа хумана жена и нејзиното семејство. Но, среќата траела кратко, пред неколку дена Ана не успеала да го разбуди девојчето од сон-заспало засекогаш. Не бевме подготвени за тоа нашата Катја, нашата Катјуша да не напушти. Огромна трагедија не погоди, кусо изјавила Ана за руските медиуми.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.