И едните и другите објавија дека собрале потписи во рекордно време: Силјановска Давкова и Пендаровски се потврдени кандидати

Во рекордно време, за неполни пет часа, собрани се 10 000 граѓански потписи за поддршка на кандидатурата за втор мандат на претседателот Стево Пендаровски.

Собирањето на потписите започна денеска, 3 март во 08.00 часот на територијата на целата држава и за неполни пет часа се собрани 10 000 потписи од граѓаните кои се потребни за поддршка на кандидатурата за претседател, велат од претседателскиот кабинет.

За само четири часа, во периодот од осум изутринава до 12 часот кандидатката за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова доби над 15.000 граѓански потписи за потврда на кандидатурата, се огласија од ВМРО-ДПМНЕ.

Силјановска Давкова вчера беше и официјално избрана за кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, откако доби 444 делегатски гласа на Конвенцијата на најголемата опозициска партија.

Пронајдете не на следниве мрежи: