Германскиот истражувачки центар за геолошки науки (ГФЗ) пријави земјотрес со јачина од 5,5 степени со епицентар во Македонија.
Земјотресот е регистриран рано наутро во среда на 11 ноември 2020 година во 4,54 часот по локално време на мала длабочина од 10 километри.
Земјотресот силно беше почувствуван и од животните со скопска зоолошка градина, а на социјалните мрежи се појавија снимки на кои се слушаат нивните извици.
-Гибоните се, малото бебе вика така. Во природа тоа им е како песна за одбрана од предатори, објасни во еден од коменатрите портпаролката на Зоо Скопје, Тина Мицковска.