И Интерпол ја бара исчезната Вања

На барање на Министерството за внатрешни работи распишана е меѓународна потерница за ичезнатата Вања Ѓорчевска од страна на Интерпол.

Од МВР информираа дека за решавање на случајот и пронаоѓање на 14-годишното девојче е постапено веднаш по добиената пријава, вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани се камери.

Маќедонци: Со ракетите „Џавелин“ го штитиме секој дел од територијата на Косово
Само ден откако косовскиот премиер Албин Курти предупреди дека терористичките групи планираат други напади на Косово на крајот на годината, по оној во каналот Ибар-Лепенец, косовскиот министер за одбрана Ејуп …
Оваа ноќна навика може да биде опасна! Експертите открија што се случува во телото тогаш
Нередовното спиење не е само навика што ја нарушува секојдневната рутина – според новото истражување, тоа може значително да го зголеми ризикот од сериозни здравствени проблеми, па дури и да …

„Податоците за исчезнатото лице на 28 ноември во 13.00 часот се ставени на Стоп-листа на граничните премини, а на барање на Министерството за внатрешни работи распишана е меѓународна потерница за исчезнато лице од страна на Интерпол“, велат од МВР.

Се додава дека истрагата продолжува интензивно и се преземаат сите мерки и активности за пронаоѓање нз лицето.

Вања Ѓорчевска исчезна во понеделникот утрото во Скопје, на пат кон училиштето Песталоци во близина на Дебар Маало. Последен пат била забележана на булеварот Партизански одреди пред „Броз кафе“, од каде што ѝ се губи трагата.

Девојчето е високо 175 сантиметри, тешко 58 килограми. Има темнокафеава коса, кафеави очи, носи протези на горните и долните заби, има бенка на десна страна од лицето. Пред исчезнувањето била облечена во син блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии. Со себе носела школски ранец и мобилен телефон ‘ајфон’“, објави МВР.

Освен полицијата, по Вања тргаат и нејзините соученици од училиштето „Јохан Хајнрих-Песталоци“, кои лепат нејзини фотографии во градот, а во потрагата се вклучени и семејството, роднини и пријатели и голем број граѓани.

Семејството и полицијата постојано апелираат да не се споделуваат дезинформации на социјалните мрежи и во медиумите кои ја попречуваат истрагата и го вознемируваат семејството на исчезнатото девојче.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.