И Османи бара повлекување на српската војска од границата со Косово: ОБСЕ сака да ги врати двете страни на дипломатска маса

Министерот за надворешни работи на Македонија, БУјар Османи, разговарал со српскиот колега Ивица Дачиќ за, како што вели, загрижувачкиот број на српска војска на границата со Косово.

– Загрижен за натрупувањето на војска на границата меѓу Косово и Србија утрово го контактирав министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, соопшти Османи кој кажа дека повлекувањето на војската е прв чекор кон нормализација.

– ОБСЕ го поздравува чекорот на НАТО да донесе дополнителни сили во рамките на КФОР во Косово и е подготвено да асистира за да се намалат тензиите и двете страни да се вратат на дипломатска маса, вели Османи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.