И таа беше „онколошки“ пациент – Новинарката Вања Мицевска со потресен статус за големиот скандал

Новинарката Вања Мицевска со став за актуелниот случај за скандалот на Клиниката за онкологија во Скопје. Таа, како и низата други кои деновиве го споделуваат згрозувањето, очајот и болката, констатира дека дното во земјава е пробиено!

Тежок понеделник, еден од низата тешки денови во кои е комплицирано да се сварат сите информации за случувањата на установата во која ги полагаме сите надежи за нашиот живот…

Упати и неколку прашања кои звучат навистина потресно.

И таа беше „онколошки“ пациент – Новинарката Вања Мицевска со потресен статус за големиот скандал

Инаку Вања има и лично искуство во Онкологија. Имено, таа на свои 26 години се изборила со рак на дојка, а минала и низ процесот на лекување со хемотерапија.

Нејзиниот став ви го пренесуваме во целост:

– Тежок понеделник, еден од низата тешки денови во кои е комплицирано да се сварат сите информации за случувањата на установата во која ги полагаме сите надежи за нашиот живот…Ова веќе не е ни дно, дното е пробиено! Ние (онколошките пациенти) и нашите семејства со ноќи не спиеме, со денови размислуваме – дали нашите соборци ќе беа овде ако некој одлучеше да биде човек? Дали заедно ќе шетавме по улиците наместо сега на нив да бараме правда?

Додека на Клиниката за онкологија работат прекрасни луѓе, професионалци кои чесно си го заработуваат лебот, некои решиле да го извисат достоинството на белиот мантил. Кои се нивните имиња, како изгледаат, дали некогаш и јас сум комуницирала со нив – тоа не го знам, но во најмала рака јавно би ги прашала:

Како воопшто, во вашите умови се роди идеја така да си поигрувате со човечките животи?

Како ги гледавте во очи луѓето кои тонеле по ваша вина, додека во вас гледале сламка за спас?

Дали никогаш не ве вознемири крвта која течела од забодените ножеви во грб, на оние чие рамо сте го тапкале?

Како ги гледавте во очи вашите родители и дали ова се вредностите кои ви ги оставија во аманет?

Дали размисливте дека нечии родители засекогаш ќе ги разделите од нивните потомоства и зошто мислевте дека вие треба да донесете одлука за тоа?

Што направивте со нечесните пари? Дали се гоштевавте и немавте ли кнедла во грлото од залчињата храна купени со пари кои сте ги „заработиле“ на сметка на тоа некој да го испушти последниот здив?

Како си легнувавте во ноќите, кога некој не ни знаел дали ќе го дочека утрото?

Кога престанавте да се плашите од Господ и дали никогаш не воочивте какви грешници сте станале?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.