И течеле солзи додека ги откривала пеколните детали од неверството: Од овие болни зборови на Анабела многу жени ќе се расплачат

Српската пејачка Анабела Атијас собра сили и застана пред камерите за да го сподели болниот пекол кој го преживеа откако дозна дека нејзиниот сопруг ја изневерува.

Таа во српската емисија „Магазин ин“ собрала сили и за првпат во јавноста открила детали од миговите кога и било најтешко.


-Ова е прв пат вака во живо да зборувам. Постои една нераскинлива врска меѓу нас двајцата иако ќе продолжиме да живееме по сопствените патишта во иднина, тој веќе започна со својот пат… Јас морам да признам дека со денови се чувствував како некој да ми умрел. Ниту еден маж не ме освојувал како тој, но сепак тоа што е… изјавила пејачката во најавната шпица за емисијата.
Пејачката додека сето ова го раскажувала била со насолзени очи, а гласот и треперел на секој кажан збор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.