И ТИЕ ЌЕ ВОЈУВААТ: Украина купува 50.000 женски воени униформи

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека купило 50.000 комплети женски униформи за првпат од почетокот на војната. Најавата на министерот за одбрана Рустем Умеров доаѓа еден ден пред очекуваното гласање во Собранието за измените на законот за мобилизација.

Предложените измени предизвикаа негодување во јавноста, при што некои ги нарекоа „неуставни“. И покрај тоа што беше кажано дека измените на законската регулатива не предвидуваат регрутирање на жени, вакви предлози беа и претходно изнесени.

Злато за таеквондиската Ведрана Тунески во Тирана!
Македонската таеквондистка Ведрана Тунески освои златен медал на на Е2 Тирана Опен Кадети во конкуренција до 41 килограм. До златото, таа стигна со четири убедливи победи, вклучувајќи …
ОРБАН ЗА ЗАЕМОТ ОД 500 МИЛИОНИ ЕВРА: Кинески пари не можеме да ви даваме, но европски пари можеме и ќе ви ги даваме
Кинески заем и кинески пари не можеме да даваме, бидејќи Унгарија со Кина има договор сите пари кои доаѓаат од Кина да одат на конкретни проекти за …

„За првпат Министерството за одбрана купи 50.000 комплети женски униформи, 100.000 електрични греалки и 15.000 активни слушалки“, напиша министерот за одбрана Рустем Умеров во понеделникот на Фејсбук.

Минатиот месец, украинската пратеничка Ина Совсун рече дека владата треба да размисли за мобилизација на жени ако смета дека е потребно. Таа предложи обезбедување униформи за жени како дел од потребните подготовки за спроведување на планот. Минатиот октомври стапија на сила барањата за воена регистрација на жени со медицинско образование.

Повеќе од 60.000 жени веќе служат во украинската армија, што сочинува околу 7% од вооружените сили на земјата, според Министерството за одбрана.

Киев се бори да мобилизира доволно мажи за да ги испрати на првите редови. Претседателот Зеленски минатиот месец им рече на новинарите дека се потребни 450.000-500.000 нови војници, но дека постигнувањето на оваа цел е „чувствително прашање“. Тоа доаѓа по големата контраофанзива на Украина минатата година, која беше признаена како неуспешна од страна на началникот на вооружените сили, генерал Валериј Залужни.

Украина, исто така, претрпе неколку неуспеси во добивањето помош, при што републиканците во Вашингтон го блокираа воениот пакет од 61 милијарда долари, а Унгарија стави вето на финансискиот договор со ЕУ во вредност од 50 милијарди евра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.