На граничниот премин “Богородица“ утрово има зголемена фреквенција на возила. Времето на чекање за излез од државата е од 30 до 45 минути, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.
На останатите граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, додава АМСМ.