Со два двокатни автобуси за организираниот пречек на ракометарите на “Вардар“ на “Меѓународниот аеродром Скопје“ и ЈСП Скопје се вклучува во големата прослава која се подготвува.
-Ги информираме заинтересираните граѓани кои немаат превоз, а сакаат да ги пречекаат шампионите на скопскиот аеродром, дека поаѓањето кон аеродромот е планирано во 17 часот од пред “Југодрво“. Превозот е бесплатен. Планирано е, доколку дозволат временските услови, ракометарите од аеродром до Плоштад да се возат со панорамски автобус, информираат од ЈСП.