Кавијар, чаден лосос и вегетаријанска кујна: Еве што ќе јадат холивудските ѕвезди на доделувањето на Оскарите

Главниот готвар на приемот по овогодишните доделувања на престижните Оскари во Лос Анџелес, Волфганг Пак изјавил дека ќе сервира јадења кои ќе бидат 70 отсто вегетаријански, но на менито ќе се најдат и чаден лосос и кавијар.


Пак кој 26-та година по ред ќе се погрижи за менито по церемонијата на Оскарите, рекол дека покрај вегетаријанските јадења ќе има и јапонско јунешко месо како и пици во облик на статуетката Оскар и традиционалниот чаден лосос и кавијар.
“Припремаме разни јадења бидејќи иако многумина сакаат вегетаријански јадења, сепак повеќето обожуваат риба и месо”, изјавил Волфганг за медиумите.

HOLLYWOOD, CA – FEBRUARY 27: Celebrity Chef Wolfgang Puck arrives at the 77th Annual Academy Awards at the Kodak Theater on February 27, 2005 in Hollywood, California. (Photo by Frank Micelotta/Getty Images)

70-годишниот готвач кој го учел занаетот во француските престижни ресторани како што е “Максим”, рекол дека не е вегетаријанец, но сака да припрема такви јадења бидејќи е голем предизвик за готвачите да приготват вегетаријански оброк кој ќе биде подеднакво вкусен како јадењата со месо.
На приемот ќе има 18 вегетаријански оброци за околу 150 поканети гости. На менито ќе се најдат кускус од зеленчук, тиквички во кинески сос со црн ориз и сос од мента и коријандер со сварени мали компири.
Од јадењата со месо ќе бидат понудени минијатурни бургери од јапонско јунешко месо и пилешко месо полнето со црни печурки. За десертот е задолжена група од 25 слаткари кои ќе прават колачи без јајца и млеко, но ќе користат млеко од бадем и кокос.
Кралицата на слатките ќе бидат статуетките Оскар од чоколадо. Ќе бидат направени околу 5000 чоколадни статуетки, а слаткарите ќе употребат околу 400 килограми чоколадо.
Поканетите, односно номинираните за Оскар кои нема да освојат признание, пред приемот ќе добијат подароци во вредност од 215.000 долари по лице.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.