Каде да го чувате парфемот во лето?

Ако не сакате брзо да ви испари омилениот парфем за кој сигурно и сте одвоиле значителна сума од вашиот буџет, информирајте се каде треба да го чувате во летните месеци.

Можеби и вие, како повеќето луѓе, едноставно го чувате парфемот на погрешно место во летниот период, па побрзо ви испарува.
Решението можеби ќе ве изненади, но е многу едноставно. Ако сакате подолго да ви трае парфемот, преместете го во кујната, поточно во фрижидерот, тврди директорот на одделот за козметика на Victoria’s Secret, Марк Книтовски.

Тој истакнува дека ова правило особено важи за во лето, поради топлината и сончевата светлина што придонесуваат мирисот побрзо да „ветрее“. Во фрижидер ќе се заќува свежината на парфемот и ќе биде подолготраен.
Ако не сакате да ја чувате козметиката на исто место, друга опција ви е да го завиткате парфемот во фолија што од друга страна, ќе ви одзема повеќе време.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.